Search

Куман може да биде дисквалификуван 12 натпревари поради критикување на судиите на Ел Класико

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, може да биде суспендиран на 12 натпревари, објавија шпанските медиуми.

Холанѓанецот го критикуваше судијата на вчерашниот меч со Реал Мадрид (1:3) и беше револтиран што спорните одлуки со ВАР оваа сезона, според него, постојано се толкуваат против каталонскиот тим.

Ако се покрене против Куман жалба до дисциплинскиот комитет на Ла Лига, постапката ќе започне.

Предводникот на Барселона се соочува со суспензија за период од 4 до 12 натпревари и парична казна до три илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави