Search

Кристин Кавалари во самоизолација на песочниот брег на Карибите

Кристин Кавалари, реалити ѕвезда и моден дизајнер, сподели уште една фотографија во бикини додека е во самоизолација на песочните брегови на островите Туркс и Кајкос.

Минатиот викенд таа се пофали со своето супер обликувано тело и тониран, рамен стомак.

Русокосата убавица, која дизајнира накит за својата модна линија Uncommon James рече дека нејзиниот син сакал оваа слика да ја сподели на Инстаграм, така и се случило.

Кристин е во самоизолација на преубавите острови Турк и Кајкос со сопругот Џеј Катлер и трите деца.

Туркс и Кајкос – мали острови на Атлантскиот Океан кои територијално припаѓаат на Велика Британија – составени се од две групи тропски острови во Карибите, југоисточно од Бахамите.

 

Туркс и Кајкос е архипелаг од 40 островчиња од кои само неколку се населени. Плажите на овие острови, поради својата географска положба изобилуваат со чиста и недопрена природа.

Треба да знаете
Последни објави