Search

Крај на кошаркарската сезона во Грција, нејасно е дали ќе има шампион

Крај на кошаркарската сезона во Грција. Одлуката е донесена на состанок на Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи кој се одржа со видео-конференциска врска.
Заедничкиот заклучок што притоа произлезе е дека нема услови за враќање на кошарката, па затоа и конечното решение за завршување на шампионатот. Она што е сè уште нејасно е дали ќе биде прогласен првак и дали ќе има испаѓање од лигата.
Лидер на табелата во моментот, по 20 одиграни натпревари, е Панатинаикос со скор од 18 победи и два пораза, а во зоната на испаѓање се ПАОК со биланс од пет победи и 15 порази и Арис со 6-14.
Но, тоа, сепак, не е единствениот договор што треба да се направи. Потребен е заеднички јазик и за договорите за плати. Првиот предлог е намалување за 80 отсто, меѓутоа најверојатно е дека на крај кратењето ќе биде 70 отсто.
Крај на кошаркарската сезона досега прогласија и Украина (шампион Дњепар), Литванија, Хрватска, Белгија, Словенија и други земји, како и регионалната ВТБ лига.
Треба да знаете
Последни објави