Search

Крадци влегле во домот на Ешли Кол го врзале за стол и го ограбиле

Поранешниот играч на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи а сега тренер во клубот на помладите категории Ешли Кол минал хорор сцени со својот дом. Според англиските медиуми, маскирани лица влегле во дом на поранешниот англиски репрезентативец, го совладале и го врзале за стол додека оперирале низ собите. Кол физички не го повреден, но е ограбен. Од неговиот дом украден е вреден накит. По овие хорор мигови кои му ги приредиле крадците на Кол, го напуштиле неговиот дом.

Соседите на фудбалерот кој лани ја заврши својата играчка кариера, го потврдуваат непријатниот настан. Според нив полицијата брзо пристигнала во домот на Кол, но насилниците веќе заминале. За крадците не е проблем да ги напаѓаат домовите и во периодот на коронавирусот кога знаат дека луѓето се во изолација по своите домови.

Треба да знаете
Последни објави