Search

Кој е надлежен за „Талир 2“ СЈО или ОЈО?

Наместо со воведни зборови на обвинителката Ленче Ристоска да почне денешното рочиште за случајот „Талир 2“,  се случуваше правна битка во судница за тоа дали редовното обвинителство е надлежно да го презеде овој предмет од СЈО-објави Фокус.

Обвинителката Ристоска појасни дека има овластување од републичкиот јавен обвинител и понатаму да го застапува предметот, кој сега се води под нов број.

Адвокатот Наков пак појасни дека од неговиот клиент Груевски нема полномошно да го застапува предметот со новиот број, иако содржината е иста.

-Вчера се обидов да стапам во контакт со мојот клиент и за овој предмет, но не успеав, поради што немам овластување да го застапувам. Немам полномошно за овој број на предметот. Се соочувам со нов број на предмет, истакна адвокатот Наков. Тој додаде дека најпрвин треба да го извести својот клиент со настанатите предмети и да побара согласност за понатамошно застапување.

Наков го оспори и превземањето на предметите од редовното јавно обвинителство.

-Овластувањето кое го достави овбвинителката е обид за правно оправдување за преземање на предмети од републичкото јавно обвинителство, за кој има специјална стварна надлежност и за кое има и специјални докази, рече адвокатот Наков.

Обвинителката Ленче Ристоска му реплицираше на адвокатот Наков, појаснувајќи дека полномошното е издадено со сите права кои му припаѓаат на адвокатот се до правосилно завршување на постапката.

Треба да знаете
Последни објави