Search

Костадинов: Вистинските економки политики позитивно влијаат врз развојот на економијата

Вистинските економки политики и напредокот кон ЕУ и НАТО позитивно влијаат врз развојот на економијата.  Тоа го потврдуваат и меѓународни организации со нивните економски извештаи и анализи.

„Извештајот за инвестициите во светот 2019″ на  Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој, покажува дека нашата држава, Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во Западен Балкан.

За само една година, во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година, како што стои во извештајот. Со ваквиот процент на раст, нашата држава е убедливо прва по раст на странски директни инвестиции и во регионот но и помеѓу сите пост-транзициски држави опфатени со извештајот. Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец. Со извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, очекувано е ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи, но и дополнително да се интензивира.

Инвестициите значат повеќе пари, нови работни места, повисоки плати, сигурна и стабилна економија. Овој успех е дополнителен мотив за реализација на мерките што обезбедуваат засилен економски раст и повисок животен стандард за сите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави