Search

Косово бележи неславни бројки со заразени од коронавирусот

Косово бележи неславни бројки со заразени од коронавирусот. Состојбата со новозаразени лица  зазема широки размери. Оваа е оценката на надлежните здраствени институции во Косово. Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се  218 нови заразени лица од Ковид 19, додека вкупниот број на тестови бил 461.

Истиот извор наведува дека во последното деноноќие излекувани се 156 лица, додека вкупниот број на лица кои се позитивни во овој момент изнесува 9.492.

Треба да знаете
Последни објави