Search

Коснет со критики до косовските партии поради лица со криминално минато во изборните листи

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет упати денеска критики до политичките партии затоа што во листите со кандидати за пратеници на наредните избори ставиле лица со криминално минато, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет на својата страница на Твитер напиша дека граѓаните не можат да ги сметаат за сериозни партиите кои дејствуваат спротивно од декларативните заложби за владеење на правото.

– Како можат граѓаните да ја земат за сериозна изразената заложба на политичките партии за владеење на правото, кога во листите на многу партии има индивидуи со активни обвиненија, со казни за кривични дела, како воени злосторства и напади и со меѓународни санкции за воени злосторства и корупција, напиша Коснет.

Вонредните парламентарни избори во Косово, по оставката, во јули годинава, на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 6 октомври. На изборите ќе учествуваат 21 политички субјект чии листи ги верификува Централната изборна комисија. 

Треба да знаете
Последни објави