Search

Конте: Беше посебна вечер за Интер

Тренерот на Интер, Антонио Конте го пофали својот тим за победата над Милан (4:2) во 23. коло од италијанскиот шампионат.

– Беше посебна вечер, нема сомнение за тоа. Првото полувреме не стави во тешка позиција. Веројатно најтешкиот дел од сезоната. Не ризикувавме. Во второто полувреме ризикувавме, успеавме да го вратиме поседот на топката, да веруваме во она што го правиме. На момците треба да им се даде кредит. Покрај резултатот, среќен сум што тие се спротивставија на тешката психолошка состојба во која се најдоа. Не секој може да му даде четири гола на Милан за само едно полувреме, изјави Конте.

Интер има 43 бода и е на делба на првото место со Јувентус. Милан со 32 бода е десетти во поредокот во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави