Search

Коневски поднесе тужба за клевета против Стоилковски, чека извинување

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против својот сопатриец, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој на прес конференција рече дека Коневски зел 350 м2 деловен и станбен простор кај „Мајчин дом“ за да не го напаѓа Зоран Заев три години.

Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф. Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз. Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата, вели Коневски.

 

Треба да знаете
Последни објави