Search

Кока-кола го прекинува рекламирањето на социјалните мрежи и покрај промените на Фејсбук

Кока-кола ќе го прекине рекламирањето на социјалните медиуми на глобално ниво најмалку 30 дена, поради големиот притисок на платформите против говорот на омраза.

-Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните медиуми, изјави претседателот и извршен директор на компанијата, Џејмс Квинси.

Тој побара „поголема одговорност и транспарентност“ од фирмите за социјални медиуми.

Ова следи откако Фејсбук соопшти дека ќе означи потенцијално штетни или погрешни објавувања оставени поради нивната вредност на вестите.

Основачот Марк Цукерберг изјави дека Фејсбук исто така ќе забрани рекламирање на постови кои содржат тврдења „ дека луѓето од одредена раса, етничка припадност, национално потекло, верска припадност, каста, сексуална ориентација, родов идентитет или имиграциски статус“ се закана за другите.

Организаторите на кампањата #StopHateforProfit, кои го обвинуваат Фејсбук дека не прави доволно за прекин на говорот на омраза и дезинформациите.

Треба да знаете
Последни објави