Search

Кога ајкула ќе проголта ајкула

Кога ајкула ќе проголта ајкула

Посетителите на големиот аквариум во Сеул беа сведоци на несекојдневна сцена, кога една ајкула нападна и проголта друга.

Во аквариумот Коекс акјула долга 2,2 метри нападнала друга двојно помала ајкула, по судир за територија.

Посетителите можеле да видат како големата тигреста ајкула полека го голта својот плен, при што и биле потребни 21 час за да го совлада секој залак.

– Тигрестите ајкули инстиктивно напаѓаат доколку нивната територија е загрозена, особено во време на парење, изјави претставник на аквариумот.

Во делот на аквариумот во кој се случил нападот заедно живеат 42 ајкули.

Треба да знаете
Последни објави