Search

Клоп: Ливерпул не е фаворит против Реал Мадрид во финалето од ЛШ

Во пресрет на вечерашниот заостанатиот премиерлигашки фудбалски натпревар на Ливерпул со Саутемптон кој може да ја одложи промоцијата на новиот шампион на едно коло шпред крајот на сезоната, тренерот на „црвените“ од Енфил, Јирген Клоп  требашње да одговара на прашања поврзани со Лигата на шампионите.

Во финалето од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите, на 28 мај во Париз, Ливерпул ќе игра против најтрофејниот со европски шампионски круни Реал Мадрид. Трофјениот германски стратег Клоп под чија палка Ливерпул еднаш го крена пехарот со „големите уши“ во 2019 година вели дека Ливерпул не е фаворит во новата пресметка со „кралевите“. Пред четири години, Герет Бејл го реши финалето на ЛШ во Киев, меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

-Во Париз ќе играме против тимот со најголемо искуство и според мене, нема да бидеме фаворити во финалето. Тие веќе ја прославија титулата во Ла Лига и можат повеќе да одморат. Но, од друга страна, јас верувам во овој тим на Ливерпул. Освоивме два трофеи и мислам дека можеме да ја зголемиме колекцијата, изјави Клоп.

 

Треба да знаете
Последни објави