Search

Кластерот СДСМ шири лажни вести како што шири корона

Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ

 

Доколку СДСМ ги почитуваше граѓаните и нивното здравје ќе ги почитуваа мерките и борбата со епидемијата ќе им беше приоритет. Доколку Заев и неговите функционери беа совесни немаше пола раководство да биде инфицирано и преку делење поткуп да ги доведува во ризик граѓаните.

Зборуваат за лажни вести, а оној кој шири најмногу лажни вести е Венко Филипче затоа што ја крие бројката на новозаразени во корона вирусот.  Филипче се обиде да сокрие 13 новозаболени во Штип и 2 новозаболени во Велес.

За неспобноста на СДСМ е доказ и последното истражување  на Форбс  каде Република Македонија  воопшто не е на листата на 100 најбезбедни земји во светото од Корона вирусот. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

СДСМ ќе одговара за се  бидејќи со нивното доаѓање на власт донесоа само хрибриден режим, криминал и сиромаштија.

 

Треба да знаете
Последни објави