Search

Кијану Ривс и Александра Грант се во врска веќе неколку години

Кијану Ривс прв пат во јавност се појави со Александра Грант на свеченоста LACMA Art + Film Gala минатиот ноември по гласините дека започнале да се дружат, а сега нивната пријателка Џенифер Тили открива дека тие всушност биле заедно многу подолго отколку претпоставките за нивната врска.

Во изјава за весникот „Њујорк пост“, рубрика „Страна шест“, Тили вели: Се сеќавам пред неколку години, можеби пред една и пол година, Александра рече Кијану Ривс е мојот дечко, а јас си помислив „Чекај. Што? Што? Што?“

„Навистина се изненадив како е можно, по неколку месеци, одеднаш, таа оди на настан со него, и сите се изненадени и збунети, ова е неговата нова девојка.“

Александра претходно била на многу ивенти со него. И дури сега таблоидите откриваат дека тие се заедно веќе неколку години.

Нивната пријателка тврди дека Кијану и Александра си одговараат како пар бидејќи и двајцата се скромни и не сакаат да се експонираат во јавност.

„Го видов на последната изложба на Александра, тој не сакаше да биде во центарот на вниманието затоа што е навистина скромен, и мислам дека причина што сите полудеа по нив е дека тие се совршен пар,“ вели Џенифер Тили во интервју за Њујорк Пост и додава дека сите би сакале да доживеат такво нешто, една убава холивудска романса.

Треба да знаете
Последни објави