Search

Кире Лазаров: Ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас

Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим.

– Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак противниците играа добро и мора да имаме почит кон секого, истакна Гонзалес.

И капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз.

–  Потфрливме на натпревар што моравме да го добиеме. Ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас. Но, има уште да се игра во квалификациите и шансите за Европското првенство не се загубени. Меѓутоа мора да го смениме пристапот во следните натпревари, наведе Лазаров.

Македонија во следното коло ќе се соочи со Исланд, кој ја порази Грција со 14 гола разлика.

Треба да знаете
Последни објави