Search

Ким Кардашијан ја регрутира Кејт Мос за заштитно лице на новата кампања на „Скимс“

Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот „Скимс“ на Ким Кардашијан. Со објава на официјалниот Инстаграм-профил, брендот во петокот соопшти дека модната икона и супермодел ќе биде новото лице на популарниот бренд долна облека за затегнување и обликување.

Кардашијан секогаш поминува дополнителна милја со своите СКИМС-колекции. Таа и претходно ангажираше sвезди, вклучувајќи го и американскиот олимписки тим како и нејзината блиска пријателка Парис Хилтон за рекламирање на облеката. Ким сега отиде уште погоре …

На првите фотографии, Мос (47), една од најпознатите манекенки на сите времиња, позира во црна и беж долна облека. Права модна бомба која не старее.

Треба да знаете
Последни објави