Search

Ким Кардашијан ја купи облеката на Џенет Џексон од музчкиот спот If

Ким Кардашијан потроши 25.000 долари на аукција за да го прослави 55. роденден на Џенет Џексон.

40-годишната реалити-sвезда и претприемач откри дека ја купила култната облека на пејачката од спотот за нејзиниот хит од 1993 година, If.

„За роденденот на Џенет Џексон, јас сум нејзина голема обожавателка, не можам да верувам дека го освоив ова на juliens_auctions“, напиша таа во неделата во описот на својата инстаграм-приказна.

„Среќен роденден, кралице!“ додаде таа.

Купувањето беше дел од аукцијата на поп-легендата, која вклучуваше облека и лични предмети кои датираат од нејзиното детство па наваму.

Аукцијата, која се одржуваше од 14 до 16 мај, беше во организација на Јuliens Аuctions во чест на нејзиниот роденден.

Треба да знаете
Последни објави