Search

Ким Кардашијан сподели нов семеен портрет без отуѓениот сопруг Канје

Ким Кардашијан Вест на својот Инстаграм-профил сподели нова црно-бела фотографија семеен портрет без нејзиниот отуѓен сопруг Канје Вест.

На фотографијата, дел од професионална фотосесија на ѕвездата на Keeping Up with the Kardashians, таа позира со своите четири деца.

Ким може да се види како го држи синот Псалм, кој е роден во мај 2019 година,  седумгодишната Норт, тригодишната Чикаго,и петгодишната Сеинт. Објавата ја наслови: „Детска љубов“.

Извори блиски до Ким и раперот открија дека иако се разведуваат, нивниот меѓусебен однос е многу добар.

Треба да знаете
Последни објави