Search

Киелце и официјално поднесе пријава во врска со случувањата во Скопје: Сега на потег е ЕХФ

Вардар по тесната борба и големата доза на тензија против Киелце успеа да победи и да избие на второто место во групата, но и да добие пријава во врска со погрдниот банерот во „Јане Сандански“.

На банерот беа испишани погрдни зборови на сметка на Талант Душебаев (Талант петух што во превод значи Талант петел, односно хомосексуалец). Полскиот клуб, веднаш го посочи клубот преку официјален твит, но и го тагна ЕХФ за организацијата на домаќинот Вардар.

Според последните информации, Дисциплинската комисија при ЕХФ веќе отворила случај по поднесената пријава од страна на Киелце и на потег сега е ЕХФ.

Треба да знаете
Последни објави