Search

Кејт Винслет: Познавам четворица актери кои кријат дека се хомосексуалци

Актерката Кејт Винслет изјави дека познава најмалку четири лица од холивудскиот актерски свет кои се плашат јавно да објават дека се хомосексуалци.

Неодамна, една таква личност, познат актер или актерка, му призна на својот агент дека е бисексуалец, на што доби одговор од кој Кејт беше непријатно изненадена.

„Разбирам дека сте бисексуалец, но не би го објавил тоа јавно“, рече агентот.

,,Познавам најмалку четири актери кои ја кријат својата сексуалност. Болно е затоа што се плашат дека луѓето ќе дознаат – коментира Кејт и ја нарече филмската индустрија „осудувачка, дискриминирачка и хомофобична“, пишува Унилад.

За мене е неверојатно колку луѓе се фокусираат на љубовни сцени во филмот затоа што во нив има две жени – рече таа и додаде:Искрено можам да ви кажам, никогаш не ме прашувале толку многу за сцени од хетеросексуална природа што сум ги снимила во голем број.

Преземено од Попара

Треба да знаете
Последни објави