Search

Катастрофа на Раул и ПСЖ во Полска, десет гола предност за Кјелце за реваншот

Ракометарите на Кјелце приредија вистинско изненадување во првиот натпревар од четвтфиналето на ЛШ откако го прегазија фаворитот за титулата во елитното натпреварување, ПСЖ со 34:24.

Тимот предводен од поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалс доживеа вистински дебакл во Кјелце, каде домаќините по 15 минута не го испуштаа водството и постојано го зголемува. На полувреме резултатот беше 16:11, а гостите стигнаа до минус три на стартот на вториот дел, но тоа беше се што направија.

Најдобри кај Полјаците беа Кулеш и Каралек со по шест гола, а Лука Циндриќ постигна пет гола. На спротивната стрна Уве Генсхајмер постигна11 гола, а Ремили и Хансен шест и пет гола.

Треба да знаете
Последни објави