Search

Карлсен пред одбрана на шаховската титула

Деветата партија во двобојот за титулата светски првак во шах меѓу предизвикувачот Јан Непомњашчиј и актуелниот првак Магнус Карлсен заврши со втора последователна победа на норвешкиот велемајстор во 39. потег со што бранителот на титулата ја зголеми предноста на 6-3.

Победата ќе му овозможи на Карлсен без ризик да го приведе кон крај дуелот против рускиот противник, бидејќи за одбрана на титулата му се потребни уште 1.5 поени од преостанатите пет партии.

Карлсен ја стекна титулата светски првак со триумфот над Вашванатанд Ананд и со победа над Непомњашчиј ќе остане на тронот најмалку уште две години.

Десетата партија ќе се игра утре, а Карлсен ќе ја има предноста од почетен потег.

Треба да знаете
Последни објави