Search

Како Фиби Волер-Бриџ го „зачинува“ Џемс Бонд

Фиби Волер-Бриџ вели дека додала „мали зачини“ на новиот филм за Џемс Бонд, No Time to Die.

Наградуваната писателка, актерка и творец на Fleabag (популарна британска телевизиска емисија комедија-драма) вели дека е донесена во тимот „за да помогне“ во сценариото за 25тото продолжение на 007.

„Тие бараа промени во неколку ликови и во самата приказна“, вели славната писателка.

No Time to Die ќе биде првиот филм на Бонд кој ќе излезе во ерата на движењата #MeToo и Time’s Up.

Но, иако во последните години се поставуваат прашања во врска со мизогинистичкиот и доминантен начин на кој Џемс Бонд традиционално се однесува кон жените, Волер-Бриџ тврди дека не и било кажано да ја промени културата на филмовите.

Волер-Бриџ е втора жена која добила можност да пишува за 57-годишната историја на франшизата. Првата беше Џоана Харвуд која беше ангажирана за Dr No и From Russia with Love во раните 1960ти.

Даниел Крег, кој го игра Бонд од 2006 година, рече дека е негова идеја да се ангажира Волер-Бриџ.

Таа дискутирала за сценариото со Крег во Њујорк, пред да реши да се приклучи на екипата.

„Нема покул од пишување текст за Џемс Бонд,“ вели познатата писателка

Треба да знаете
Последни објави