Search

Како пратеници имаме обврска да ги поддржуваме и почитуваме препораките и насоките на здравствените власти

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање порача дека треба да се почитуваат препораките без да се изјасни дали пратеничката група на СДСМ би поддржала порестриктивни мерки поради зголемениот број на заразени од Ковид 19.
-Имаме обврска како политичари, но пред се како граѓани да ги почитуваме мерките којшто и сега се во сила. Од друга стана како одговорни пратеници, јас но и сите мои колеги да ги поддржуваме препораките и насоките на здравствените власти. Од тој аспкет сите знаеме како и јавноста дека веќе има сет на мерки кои се порестриктивни коишто дел од нив бараат и законски измени, ако се држиме до она што е препорака на здравствените власти убеден сум дека ќе успеема да се справиме со оваа тешка здравствена криза, но и економска криза. Овде ја користам приликата и да упатам апел до сите граѓани за максимално почитување на мерките за носење на маска и држење дистанца и да не се групираме. Само на тој начин можеме да го неутрализираме вирусот. Тоа го прави цел свет, цела европа и за тоа сме должни пред самите себе, пред семејставата, пред граѓаните и пред државата, рече Костадинов.

 

Треба да знаете
Последни објави