Search

Како влијаат хорор филмовите на здравјето?

Тим истражувачи од универзитет во Вестминстер направи истражување за тоа како влијаат хорор филмовите по здравјето на луѓето. Одговорот можеби ќе ве изненади.

Во истражувањето научниците на луѓето им пуштале различни страшни филмови и ја следеле работата на нивното срце, ослободувањето на јаглерод диоксид и внесувањето на кислород. Откриле дека кога човекот се изложува на нешто страшно организмот ослободува адреналин кој ја активира реакцијата на нашиот нервен систем позната како „бори се или бегај“.

Кога тоа се случува телото почнува да троши вишок на маснотии за да собере енергија, а ослободува шеќер во крвта со што метаболизмот е принуден забрзано да троши шеќер.

Крајниот заклучок е дека кога гледаме хорор филмови трошиме калории, а нашето расположение се подобрува.

Треба да знаете
Последни објави