Search

Каде што нема оган, нема ни чад: Еве зошто загревањето е корисно, а согорувањето може да биде опасно

Не е ништо ново дека домаќинствата се еден од клучните проблеми кога е во прашање загадувањето на воздухот. Се проценува дека околу милион домаќинства кај нас, но и во соседните земји во печките горат јаглен, дрва, пелети и други горива. Меѓутоа, најголемата употребна вредност на оганот е всушност загревањето, па современото општество постојано бара начин како од оганот да добие само греење, без чад и сите штетни материи кои се испуштаат со процесот на согорување.

Како всушност изгледа процесот на согорување?

Согорувањето започнува на околу 400 степени целзиусови и, доколку ги земеме за пример цигарите, тие на таа температура почнуваат да горат. Тогаш се ослободува тутунски чад, кој во себе содржи над 6000 материи кои преку чадот се шират во околината, а 100 од нив се карактеризирани како штетни и потенцијално штетни. Кога цигарата гори, жарот на врвот достигнува и 900 степени целзиусови. Затоа денес се верува дека, освен што е штетно, пушењето на цигарите не е единствен начин на “доаѓање” до никотин, состојка која природно се наоѓа во растението тутун и за чие ослободување од тутунот е потребно истиот да се загрее, наместо да се согорува.  Никотинот не е без ризик и предизвикува зависност, но не е примарен причинител на болести поврзани со пушењето. Главни проблеми, всушност се согорувањето и тутунскиот чад. Затоа прво решение на овој проблем би било во целост да се отстрани процесот на согорување. Второто решение може да биде загревањето.

На која температура нема чад?

За загревање се смета процесот кој започнува помеѓу 250 и 350 степени целзиусови, а тоа е моментот кога сè уште не доаѓа до создавање на чад. За примерот на пушењето, дури и светските експерти од областа на јавно здравје почнаа сè погласно да зборуваат дека постои подобра опција за сите пушачи кои сакаат да ги сменат своите лоши навики, но не се подготвени во потполност да се откажат. „Сè уште имаме многу значајна национална и глобална поделба помеѓу оние кои имаат и оние кои немаат кога станува збор за пушачи, и долгогодишни и на ново иницирани. Ние ја третираме зависноста од согорлив тутун поинаку од зависноста од други смртоносни производи во однос на концептот за намалување на штети. Ние трошиме премногу време, за пресметки и премалку време за наоѓање заеднички јазик за масовно намалување на употребата на согорлив тутун и ставање крај на лажната еквивалентност помеѓу различните видови производи. Секој ден изминат во одложување, луѓето непотребно умираат“ – вели д-р Шерил Хелтон, декан и професор по политика и управување со јавно здравство при факултетот за глобално јавно здравје на  Универзитетот во Њујорк. Наведуваат дека одговорот се наоѓа токму во загревањето, поточно во помалку штетни алтернативи кои се базирани на технологијата на загревање на тутунот.

 

Треба да знаете
Последни објави