Search

Кадет на Вест поинт загина во сообраќајка, повеќемина повредени

Eден кадет на американската воена школа Вест поинт загина, додека 19 кадети и двајца војници се повредени денеска во сообраќајна несреќа во близина на тренинг центарот за обука, соопшти Вест поинт.

Како што пренесе Си-Ен-Ен, генералот Дерил Вилијамс, претставник на американската воена академија, на прес-конференција рече дека повредените не се во животна опасност.

Тој додаде дека засега не може да се објават повеќе детали за несреќата и дека името на загинатиот кадет ќе биде соопштено откако ќе биде известено неговото семејство.

– Денеска е трагичен ден за нашата заедница во Вест поинт и за нашата Армија, рече Вилијамс.

Претседателот Доналд Трамп, кој се наоѓа во посета на Европа по повод одбележувањето на 75-годишнината од повлекувањето на сојузничките трупи во Нормандија, упати сочувство до семејството на кадетот.

Академијата во Вест поинт се наоѓа во државата Њујорк и е оддалечена околу 45 минути возење од градот Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави