Search

Кавани летоска би можел да потпише за Бока јуниорс

 – Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани (33) ова лето ќе биде слободен фудбалер што е сигнал за многу клубови да почнат да кројат планови за негов ангажман, а еден од нив е Бока јуниорс.
Интересот на аргентинскиот гигант од Буенос Аирес ја крена на нозе и Европа, па Уругваецот стана мета на Интер, но и на Манчестер јунајтед, Челзи и Атлетико Мадрид.
Дека би можел да се врати на јужноамериканската сцена рече и самиот со изјавата „дека сонува како се качува на оградата на стадионот „Бонбоњера” и слави голови со навивачите” што дополнително ги подгреа гласините дека ќе замине од Европа по две децении.
Навивачите на Бока, пак, веднаш ги вклучија мечтите дека ќе имаат напаѓачки тандем Кавани – Тевез на кого клубот сака да му понуди нов договор.
Кавани за ПСЖ одигра 200 натпревари во кои постигна 138 гола. Во Париз замина од Наполи, екипа за која 78 гола во 104 средби.
Треба да знаете
Последни објави