Search

И Федерер неможе да гради што сака и каде сака во Швајцарија

Роџер Федерер е најтрофејниот тенисер во светот. Популарна личност, со дебело финансика сметка, но во родната Швајцарија неможе да прави што ќе посака. Федерер сака на сопствен имот покрај езерото во близината на Цирих да гради комплекс со објекти и тениски терени но, не е можно.  Иако Швајцарецот има имот од 18.000 квадрати во близината Раперсвил Јона, неможе да ја реализира својата идеја.
Државата сега прво ќе прави студија за инфраструктурниот план и дали тој ќе одговара, но дури и да помине тоа, Федерер ќе треба да ги убеди граѓаните на Раперсвил да го прифатат проектот.
Граѓани од овој регион веќе се побунија дека не го сакаат славниот и популарниот Федерер за комшија. Причина е што и сега тој дел го посетуваат многу луѓе, па тие што живеат го немаат потребниот мир. Но, ако Федерер изгради што наумил, па сето тоа стане јавно, бројот на посетители ќе биде уште поголем со што ќе им се наруши мирот.
И Здружението за заштита на природата и езерата во Швајцарија кренаа глас против Федерер, зашто изградбата може да ја наруши комплетната структура на биолошки и животински свет во тој дел. Сега тој спор треба да го решаваат државните власти.
Засега Федерер има дозвола да гради куќа во Раперсвил-Јона, кој има околу 27.000 жители и е дел од округот на Сент Гален.

Треба да знаете
Последни објави