Search

И за Интер има математика да стигне до второто место

Денеска и утре ќе се играат мечевите од 5. коло во групите од фудбалската Лига на шампионите, кои можат да ја разбистрат ситуацијата околу тоа кои екипи ќе имаат европска пролет пред да се одигра последното коло. Покрај  патниците во нокаут-фазата, каде по четири рунди ја завршија работата со пласман во осминафиналето екипите на Баерн Минхен, Манчестер сити, Челзи, Севилја, Барселона и Јувентус, во игра се и средби за третатат позиција која обезбедува европска пролет, ама во Лига Европа.

Вечерва се играат осум натпревари, по два од А до Д групата.

Најзамрсена е работата во групата Б. По вечерашните 90 минути може да се дознаат двајцата патници во нокаут-фазта, но и да се искомплицира ситуацијата па последните 90 минути да одлучуваат којќе продолжи понатаму. Борусија Менхенгладбах е лидер со 8 бодови, а Реал е втор со 7, Шахтар со 4, а Интер има само два бода и теоретски шанси да остане во елитното друштво.

Реал Мадрид вечерва гостува во Киев кај Шахтар и со евентуална победа ќе биде сигурен патник понатаму. Тоа важи и за Борусија, која со три бода на свој терен против Интер ќе ја заврши работата. Сепак, ако успеат Шахтар и Интер да ги освојат трите бода, ситуацијата станува неизвесна.

Интер со победа во Менхенгладбах ќе дојде на пет бода и подобар меѓусебен дуел со германскиот тим, па во последното коло, ако дома го победи Шахтар, а Борусија загуби на гостувањето кај Реал Мадрид, тимот од Милано ќе се искачи на второто место во групата.

Реал ако по вторпат загуби од Шахтар, ќе дојде во ситуација во последното коло на свој терен да не смее да биде поразен од Борусија Менхенгладбах затоа што „кралскиот клуб“ во сценарио со два порази до крајот ќе испадне.

И во групата Д има отворени прашања каде што во игра се Ливерпул, Ајакс и Аталанта. Англискиот првак со триумф вечерва на „Енфилд роуд“ против Ајакс ќе ги реши сите свои дилеми. Аталанта треба лесно да ги освои трите бода против Митјиланд, па во последното коло во директен дуел со Ајакс да решаваат за патникот во осминафиналето.

Во групата А, Баерн е сигурен, а Атлетико Мадрид, Локомотив Москва и Салцбург се во трка за второто место. Ако Атлетико го победи Баерн, а Локомотив не слави против Салцбург и оваа група ќе биде „решена“ енигмата.

На Порто му е доволно само еден бод во последните две кола за да може мирно да му се приклучи на Манчестер сити како патник од групата Ц.

Двојки за вечерва:

А група

Локомотив Москва – Салцбург (18.55 ч.)

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен (21 ч.)

Б група

Шахтјор – Реал Мадрид (18.55 ч.)

Борусија Менхенгладбах – Интер (21 ч.)

Ц група

Марсеј – Олимпијакос ((21 ч.)

Порто – Манчестер сити (21 ч.)

Д група

Ливерпул – Ајакс (21 ч.)

Аталанта – Митјиланд (21 ч.)

Треба да знаете
Последни објави