Search

И Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за се

Смртта на еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња, Душан – Дуда Ивковиќ ги растажи љубителите на „кралицата на спортовите“. Многумина за последен пат се простуваат од великанот на европската кошарка, а меѓу нив е и поранешниот македонски интеранционалец, сега прв ќовек на мак-баскетот Перо Антиќ.
Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) Антиќ работеше под палката на Дуда во грчкиот Олимпијакос со кого заедно во 2012 година ја покорија Европа.
-Ти благодарам за се, „коуч“… Почивај во мир, Дуда“, напиша Антиќ, засега единствениот македонски кошаркар кој заигра и во најсилната светска лига НБА, на својот инстаграм-профил каде на крајот закчи една од заедничките фоторафии со трофејниот стратег.

Треба да знаете
Последни објави