Search

Истекува рокот за аплицирање на повикот за млади претприемачи

Истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за млади претприемачи,  соопшти Агенцијата за млади и спорт.

Повикот е за млади лица со можност да аплицираат со своја бизнис-идеја (бизнис-план) со што ќе имаат шанса да добијат 440 илјади денари.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади луѓе на возраст од 19 до 29 години кои имаат желба да започнат сопствен бизнис да аплицираат со сопствен бизнис-план на јавниот повик. Пристигнатите бизнис-планови ќе бидат оценувани од страна на стручна надворешна комисија.

Крајниот рок за поднесување апликација и бизнис-план истекува на 30 ноември 2018.

Треба да знаете
Последни објави