Search

Истанбул преполн во викендот без карантин

Турците излегоа надвор за време на првиот викенд без мерки на карантин во речиси два месеци, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган изненадно ја укина уредбата за останување дома.

Кафулињата, рестораните и другите места повторно беа отворени во понеделникот, додека стапката на заразени забавува. Укинати се и ограничувањата за меѓуградски патувања.

Луѓето ги преплавија плажите и брегот во Истанбул, а стотина чекаа во ред за да влезат во парк. Други пак купуваа сладолед на жешкото време – според нови хигиенски правила. Во Анкара излетничките места предизвикаа сообраќајни гужви.

Но, Ердоган изрази загриженост дека заразата би можела да се врати. Вчера беа пријавени 930 нови случаи, по намалувањето на 786 изминатата недела.

Досега од вирусот во Турција починаа 4.648 луѓе, а 168.340 се заболени

Треба да знаете
Последни објави