Search

Иран: САД се ирелевантен окупатор во Сирија

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф оцени дека САД се „ирелевантен окупатор во Сирија” и повика на почитување на територијалниот интегритет на таа земја.

Изјавата на Зариф доаѓа откако САД започнаа да ги повлекуваат своите трупи од северо-источна Сирија, само неколку часа откако Белата куќа објави дека ќе го отвори патот за очекуваниот напад на Турција на територијата на која Анкара сака да воспостави „безбедносна зона”.

„САД се ирелевантен окупатор во Сирија – залудно е да се бара нивна дозвола или да се потпреме на нив за безбедност”, напиша Зариф на Твитер.

Тој додаде дека мирот и борбата против тероризмот во Сирија се остварливи само додека се почитува територијалниот интегритет на земјата и нејзините луѓе.

Треба да знаете
Последни објави