Search

Иран го претстави ракетниот систем „Бавар-373″, што е пандан на рускиот „С-300″

Иран денеска го претстави својот нов мобилен ракетен систем земја-воздух од домашно прозиводство, соопштија иранските државни медиуми.

Станува збор за систем на ракета со долг досег, што наводно може да погоди цели на одалеченост од 200 километри, пренесуваат британските медиуми.

На церемонијата на покажување на системот „Бавар-373″, што иранските медиуми го опишаа како пандан на рускиот ракетен систем „С-300″, присуствуваше и иранскиот претседател хасан Рохани.

Системот беше претставен на Денот на иранската одбранбена индустрија.

Треба да знаете
Последни објави