Search

Инфантино: Не ме интересира европската Суперлига

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека не е заинтересиран за европската Суперлига, по информациите дека елитните фудбалски клубови сакаат да ја напуштат Лигата на шампионите и да воспостават ново натпреварување, со поддршка на Светската куќа на фудбалот.

Во интервју објавено во германски „Аргауер Цајтунг”, Инфантино изјави дека ФИФА е насочена кон успехот на Светското клупско првенство во нов формат, во кој 24 екипи ќе учествуваат во Кина од 2022 година.

– Како претседател на ФИФА, ме интересира Светското клупско првенство, а не Суперлигата. За мене ова не е натпревар помеѓу Баерн Минхен и Ливерпул, туку Баерн против Бока јуниорс, изјави Инфантино.

Тој објасни зошто се противи на формирањето на Суперлигата.

– Ливерпул има 180 милиони навивачи ширум светот. Фламенго има 40 милиони фанови, од кои 39 се во Бразил. Ливерпул може да има пет милиони навивачи во Англија и 175 милиони во светот. Сакам клубовите надвор од Европа да бидат привлечни на глобално ниво во иднина. Тоа е мојата визија, да има 50 клубови и 50 репрезентации кои би можеле да станат светски шампиони, додаде тој.

Британските медиуми неодамна објавија дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул веќе дале согласност за учество во Европската Супер лига и дека Реал Мадрид е близу до потврден одговор.

Како што тогаш соопшти „Скај”, повеќе од 12 клуба од Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција преговараат да бидат основачи на ново натпреварување, кое може да започне во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави