Search

Индија суспендираше железнички линиии и усвои нови мерки

Индија привремено ги укина најважните железнички линии и воведе нови мерки со цел спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус. Најавени се и построги казни за прекршителите на мерките.

Парламентот го одложи заседавањето, укинати се патничките летови во рамки на државата, а вчера беше воведена и забрана за слетување за сите авиони на меѓународни летови, што ќе биде во сила најмалку до крајот на март.

Во најмалку 80 окрузи во Индија каде се регистрирани случаи на Ковид-19, се преземаат построги мерки за борба против вирусот. Полицијата и здравствените институции работат, но повеќето трговски објекти се затворени.

Премиерот Нарендра Моди вчера ги повика граѓаните доброволно да го почитуваат четиринаесетчасовниот полициски час, што се смета за клучна мерка во борбата против ширењето на вирусот.

Во Индија најмалку 415 лица во моментов се заразени со вирусот, додека седуммина починале. Се претпоставува дека причината за толку мал број на пациенти во оваа земја во однос на вкупното население се должи на недоволно тестирање. Тестирањето беше насочено првенствено на меѓународни патници и на оние што биле во контакт, но во последните денови почна да се применува и кај лица со респираторни проблеми во болниците.

Треба да знаете
Последни објави