Search

Израел ќе ги бомбардира Хутите во Јемен за да ги оттргне од Иран

Израел планира да бомбардира цели на Хутите и на Хезболах во Јемен за да ги спречи да добиваат оружје од Иран по неколкуте израелски напади врз ирачки цели, јавуваат кувајтските медиуми.

Израелските сили се подготвуваат да ги нападнат силите на отпорот во југозападен Јемен, во близина на теснецот Баб-ел-Мандеб, пишува кувајтски „Ал-Џарида“.

Мосад и израелското воено разузнавање се во потрага по какви било обиди на Иран да испорача оружје, а Хутите пренеле дел од своите беспилотни летала и проектили во Ирак за да ги збунат Израелците.

Ирак го затвори својот воздушен простор минатата недела за сите неодобрени летови – вклучувајќи ги и американските авиони – по наводниот израелски воздушен напад на складиштето со оружје што ѝ припаѓаше на Народните единици за мобилизација (ПМУ), милиција спонзорирана од држават, во близина на Багдад, во кој беше убие еден цивил и ранети речиси 40 други.

Ирачките власти соопштија дека нападите не можеле да се случат без американско одобрение, а вториот ќовек во командата на ПМУ Абу Мади ал-Мохандес ги смета САД за целосно одговорните за израелските напади.

„Наместо да ги бркаат терористите на ИД, американските воени авиони собираат информации и податоци за бригадите на ПМУ и нивните складишта со оружје“, рече Ал-Мохандес во средата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео навести за време на посетата на Ирак во јануари дека САД нема да реагираат на израелските напади врз силите на ПМУ, кои се во пријателски односи со Иран.

Треба да знаете
Последни објави