Search

Излекувано првото лице кај кое беше откриен коронавирусот во Косово

Првото лице од Косово кај кое беше откриено присуството на коронавирусот, 77-годишен маж од Витина, и во второто испитување во Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, резултира со негативен наод на вирусот, што според препораките на Светската здравствена оранизација значи дека е излекуван од заразата, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за телевизијата Клан Косова ја потврди градоначалникот на Витина, Сокол Халити, информирајќи дека, покрај 77-годишникот, кај кој заразата беше откриена на 13 март, негативна на новиот вирус и по второто тестирање резултирала и неговата сопруга.

– Не израдува оваа вест, кога се има предвид дека и здравјето на другите пациенти, членови на истото семејство, е добро. Бројката не е зголемена во Витина (вкупно седуммина заразени досега), изолиран е Ковид-19 по големите заложби кои ги направивме сите заедно за да не дозволиме натамошни контакти, изјави Халити.

Претходно, на 26 март, во Косово беше забележан првиот случај на лице излечено од коронавирусот, а досега има и еден починат – 82-годишен маж кој страдал и од други хронични респираторни болести.

Заклучно со денешниот ден, во земјата се регистрирани вкупно 108 заразени од новиот вирус

Треба да знаете
Последни објави