Search

Ибрахимовиќ со два гола и донесе победа на Милан

Милан со победа над Болоња ја отвори сезоната, а херој за „росонерите“ повторно беше Златан Ибрахимовиќ.

Иако наредниот месец ќе наполни 39 години, очигледно годините се само бројка за Ибрахимовиќ кој сезоната ја отвори со два гола.

Милан од самиот старт го диктираше темпото и создаваше шанси, а во 35 минута Ибра после одличната асистенција на Тео Хернанеспостигна мајсторски гол со глава за предност на „росонерите“.

На почетокот на второто полувреме судијата покажа на белата точка после стартот над Бенасер, а сигурен реализатор беше Ибрахимовиќ во 50-та минута. Ибра имаше шанса и за хет –трик,  но промаши празен гол само неколку минути подоцна.

„Росонерите“ до крајот рутински го контролираа мечот, а Тонали и Брахим Дијаз го запишаа својот деби настап за Милан.

Треба да знаете
Последни објави