Search

Ибрахимовиќ постави рекорд во Галакси

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, шведскиот фудбалски интертанционалец Златан Ибрахимовиќ, постави клупски рекорд со број на постигнати голови во МЛС во текот на сезоната. На натпреварот против Спортинг Канзас Сити (7:2), Швеѓанецот направи хет-трик.

Ибрахимовиќ постигна 26 голови на 25 натпревари. Досегашниот рекорд му припаѓаше на Карлос Руиз, кој во 2002 година 24 пати даде гол за Галакси.

Ибрахимовиќ може да го подобри неговиот рекорд, бидејќи клубот од Лос Анџелес ќе треба да одигра уште четири натпревари во основниот дел од сезоната.

Треба да знаете
Последни објави