Search

Зошто некои луѓе бараат партнери кои се многу постари или помлади од нив?

Зошто некои мажи и жени бараат некој многу помлад или постар од нив за врска, наместо некој на иста возраст? Секс терапевтката  вели дека годините се само бројка за жените, затоа немаат предрасуди кон постари мажи. Кај мажите, причините се поразлични.

 

„Жените дури кога ќе се погледнат во огледало гледаат знаци на стареење“, вели таа.

Кај мажите станува збор за суета. Младата жена како партнерка предизвикува ист ефект како скап автомобил или часовник – восхит. Мажите всушност со помлада партнерка покрај себе покажуваат колку се и самите успешни.

Иако причините поради кои мажите и жените бараат помлади партнери се сосем разбирливи, Луис вели дека ваквите врски имаат неколку недостатоци. Во нив настанува проблем кога со текот на години интересите почнуваат да се менуваат, како и нивото на енергија кај партнерот. Познато е дека мажите и жените својот сексуален врв го достигнуваат во различни години, мажите на почетокот на 20-тите, жените во доцните 30-ти и почетокот на 40-тите години. Помлад маж може да задоволи постара жена, но постар маж нема да може да задоволи помлада жена.

„Тоа не е нешто што би  требало да се занемари, сексот е клуч на успешна врска, сексот ја одржува комуникацијата меѓу партнерите“,вели таа.

Но, ако партнерите ги прифатат различностите, тогаш рамнотежата на незрелост и младешки ентузијазам може да го одржи духот на постариот партнер.

Треба да знаете
Последни објави