Search

За Покетино заврши сезоната и може да предводи нов клуб

Поранешниот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Маурисио Покетино, од вчера смее да води друг клуб, објави „Дејли телеграф”.

Според британскиот медиум, Тотенхем, кој го отпушти Покетино во ноември 2019 година, продолжи да му плаќа плата на Аргентинецот и го испрати на одмор, во кој не можеше да води друг клуб.

Сепак, на 18 мај, ден по првичниот датум за завршување на сезоната во Премиер лигата, договорот на Покетино со лондончаните заврши, и тој може да си бара друг ангажман

Треба да знаете
Последни објави