Search

За Пандев, мечот со Наполи не е обичен

„Македонското дерби” помеѓу Наполи чиј член е младиот Елиф Елмас и Џенова за која анстапува искусниот Горан Пандев, од 20:45 часот, е најинтересниот денешен фудбалски натпревар е интересен за домашната јавност од неколку аспекти.

Пандев од 2011 до 2014 година играше за Наполи и даде 19 гола. За него, дуелите на „Сан Паоло” секогаш се посебни, и ќе сака да постигне гол, што би бил негов трети на последните четири меча, откако на клупата седна тренерот Мота. Најавата е дека Пандев ќе биде стартер. Минатиот викенд струмичанецот играше против Илија Несторовски, денеска има дуел со Елмас.

Наполи од 19 октомври нема победа во меч од Серија А, и дуелот со Џенова им доаѓа во вистински момент. Наполи беше во центарот на вниманието поради непослушноста на играчите кон претседателот на клубот. Елмас не е меѓу главните штрајкувачи, но вечерва ќе биде на клупата за резерви, освен ако Анчелоти не се премисли во последен момент.

Треба да знаете
Последни објави