Search

За Македонија остана надежта дека преку полесниот пат ќе стаса до ЕП

На две кола пред крајот на групната фаза од квалифиакциите за ЕП-2020, за македонската фудбалска селекција заврши ова натпреварување, како и многуте претходни, иако овојпат теорија сеуште постои, но реалноста е сосема поинаква. Прашање е само на која позиција ќе бидат „црвено-жолтите“ на крајот во групата Г откако ќе ги одиграат последните два  ноемвриски меча со Австрија во гости и со Израел пред своите навивачи. Сонот оваа генерација, главно играчи кои со тимот до 21 година почувствуваа какво е чувството да се игра на една завршница од ЕП,  предводена од искусниот Горан Пандев на теренот и од селекторот Игор Ангеловски – Мрме од клупата, да се биде дел од сениорската завршница на  јубилејното ЕУРО 2020, се појави по победата над Словенија (2:1) и згасна само три дена потоа со поразот од Полска во Варшава (2:0).

Зошто !? Најдобриот одговор по мечот во Варшава на кој згасна европската теорија, го даде искусниот Стефан Ристовски од португалскиот Спортинг Лисабон, кој порача дека за да се победува и да се оди на европско првенство дека треба да се игра и напаѓачки. Без харабра игра во напад и постигнати голови нема победа, нема бодови, нема пласман кој води на една голема завршница. Оваа болка за мак-фудбалот е хронична. Лек не најде никој. Веќе 12 квалифиакциски циклуси за ЕП и СП откако се појави на меѓународната сцена квалификациските натпреварувања завршуваа со борба за што подобар палсман во групата, односно бекство од последното место.

Да се игра фудбал пред „компјутер“ сега е лесно. Тешко е тоа да се прави на теренот. За оваа  генерација и за капитенот Пандев кој посакува заминување во пензија со настап на завршницата од ЕП-2020 останува уште една шанса да се најде вистинскиот лек – Лигата на нации.

Македонија која за волја на вистината играше во наслабата квалитетна група, сегментот Д, избори како првопласирана селекција во групата пласман во поквалитена лига за новото вакво натпреварување, како и пласман во полуфиналето преку кое може да се бори за едно место на ЕП-2020. Последниот и полесниот пат да се оствари сонот на генерации фудбалери, тренери и спортски работници води преку два меча во март идната година без право на поправен. Првиот пред своите гледачи, најверојатно со Косово, доколку не избори пласман преку групата А, во спротивно ќе биде полесно со Азербејџан. Победникот од овој меч во финалето ќе игра со подобриот од другиот полуфинален натпревар Грузија – Белорусија за пласман на завршницата.

Дотогаш македонската селекција ќе има два сериозна теста во групата со Австрија, која во првиот меч во Скопје беше селекцијата кој не растури од сите аспекти на фудбалската игра и со незгодниот и непредвидлив Израел. Ќе ги искористи за вистинска подготовка на тимот за последната меч топка – Лигата на нации.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави