Search

Зак Снајдер изгубил волја да се бори за својата верзија на Justice League по смртта на ќерката

Во разговор со “Венити феар“ режисерот Зак Снајдер открива дека ја изгубил волјата да се бори за својата верзија на филмот „Лига на правдата“.

54-годишниот режисер го напушти оригиналниот филм по смртта на својата ќерка и беше заменет со Џос Ведон. Тој признава дека по смртта на Есен, не сметал дека е правилно да продолжи.

Зборувајќи за причината за напуштање на франшизата, тој рече: “Ние едноставно ја изгубивме волјата да останеме во таа борба на многу начини. Сите ние, целото семејство, сме скршени од губењето на Есен“.

Снајдер сега ја објавува својата верзија на филмот „Лигата на правдата на Зак Снајдер“за „Ејч-би-о макс“, но признава дека не можел да го направи тоа на начин на кој што тоа го сторил Ведон.

„Лигата на правдата“ на Снајдер ќе биде четири-часовен филм, а не серија како што беше претходно планирано.

Треба да знаете
Последни објави