Search

Заев наместо да глуми борец за правата на жената, да го праша Ацевски зошто ја тепаше сопругата и го малтретираше семејството

Соопштение до јавноста реакција на Фејсбук статус на Зоран Заев

„Зоран Заев наместо да глуми борец за правата на жените, да се сврти зад себе таму ќе го најде својот партиски функционер Костадин Ацевски и да го праша зошто ја тепаше сопругата и зошто со тоа го малтретираше семејството?

На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР. Ова е извадок од изјавата на МВР дадена за медиумите ден откако Ацевски ја тепал својата сопруга.

Ова е пример како се однесуваат функционерите на власта.

Ацески е пример за насилието на СДСМ и како едно зборуваат, а друго прават.

Зоран Заев и СДСМ се партија која само козметички ги шминкаат работите, а во суштина се крие насилие и говор на омраза.

Треба да знаете
Последни објави