Search

Заев: Борисов не ургирал за Камчев, тој е европски премиер

Премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БГНЕС ги негира објавените информации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен бизнисменот Орце Камчев.

-Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото. Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политика што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите, заклучува премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС.

Треба да знаете
Последни објави