Екипата на  битолски Еурофарм Пелистер, вториот македонски претставник во ракометната лига Европа, денеска ќе отпатува за Данска, каде утре (18.45 ч.) го одигра првиот меч од новото клуп-ско натпреаврување против домашниот Гудме. Во експедицијата на битолчани за Данска нема да се најдат Ѓукиќ, Граџан и Кукуловски за кои тренерот Жељко Бабиќ одлучи да ги остави дома.

За Еурофарм Пелистер ова е прв натпревар во Лига Европа, а данскиот Гудме веќе го одигра првиот натпревар од групата, и загуби во Швајцарија од Кадетен Шафхаузен со 29-28.